Дома Фудбал До неодамна фудбалер, од вчера терорист: Младото осомничено момче од синоќешниот напад, бил член на фудбалски тим во Барселона

До неодамна фудбалер, од вчера терорист: Младото осомничено момче од синоќешниот напад, бил член на фудбалски тим во Барселона

Муса Оукабир, еден од осомничените за терористичкиот напад во Барселона, до неодамна се занимавал со фудбал.

Имено, тој три години, во периодот од 2013. до 2016. година играл за младинската селекција на локалниот клуб од Барселона, екипата Рипол.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Оукабир играл и за кадетскиот состав, што го потврди и претседателот на клубот, Хуан Аливес за локалното радио.

„Муса дојде кај нас кога имаше 14 години, но повеќе од една година тој не е наш член“, истакна Авилес.

Оукабир очигледно тргнал кон погрешниот пат по напуштањето на тимот и на крајот предизвика голема трагедија која чинеше живот за десетмина луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекуван исход: Геј го нокаутира Кин, доби црвен картон, а потоа следеше вистински „рингов“ спектакл! /ВИДЕО/

Мајкл Кин и Идриса Геј предизвикаа вистински хаос за време на натпреварот на Евертон проти…