Во Габон овој викенд се случи голема трагедија кога на еден фудбалски натпревар животот го загуби 30 годишниот фудбалер, Херман Цинг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалерот на Аканда изненадувачки се сруши и почина само неколку минути после еден дуел. Брзата помош реагираше, но веќе било предоцна.
Цинга бил однесен во болницата каде што било заклучено дека не покажува знаци на живот. Кобниот дуел за овој фудбалер се случи во 23-тата минута од натпреварот.
Габонските локални медиуми пишуваат дека во возилото на брзата помош немало маски за кислород и дека ова е веќе седми ваков случај во Габон во последните 12 години.