Дома Останати Кошарка Дончиќ се потсети на денот кога се запознал со Роналдо (ВИДЕО)

Дончиќ се потсети на денот кога се запознал со Роналдо (ВИДЕО)

Лука Дончиќ е вистинска ѕвезда и прикажува одлични настапи во НБА лигата за Далас.

Дончиќ пред скоро две години одлучи да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во НБА и тоа се покажа како полн погодок. Словенецот докажа дека може да игра во најсилната лига во светот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега Дончиќ се потсети на времето додека играше за Реал Мадрид. Тогаш имал прилика да го запознае Кристиано Роналдo и откри дека тоа било посебен момент за него.

Дончиќ тогаш имал 16 години и призна дека бил нервозен што ќе се запознае со еден од најдобрите играчи во светот.

„Имав 16 години кога го запознав Роналдо. Бев така нервозен. Не можев дури ниту да зборувам, па ништо не го прашав. Секогаш сакав да возам некој негов автомобил затоа што ги има навистина многу“, изјави Дончиќ.

Потоа Дончиќ потврди дека се уште ги следи натпреварите на Реал Мадрид и дека ќе остане голем навивач на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Гвардиол размислувал да се откаже од фудбалот и да започне со кошарка

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол, откри дека во времето кога бил млади…