Дома Трансфер зона Додека го чека Гризман, Барселона испрати понуда за друг напаѓач

Додека го чека Гризман, Барселона испрати понуда за друг напаѓач

Барселона оваа сезона сака да се засили во напаѓачката линија, а сите се убедени дека тоа ќе биде со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Додека се чека расплетот околу ситуацијата со Французинот, каталонскиот тим во овој работи на доведување на уште еден напаѓач, но засега не може да се каже дека имаат премногу успех.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пишува „Диарио Спорт“, Барселона испратила понуда до Селта за услугите на Макси Гомез во износ од 25 милиони евра. Сепак, клубот од Виго ја одбил нивната понуда и бара најмалку 40 милиони евра.

22 годишниот Уругваец оваа сезона одигра 35 натпревари во Ла Лига и постинга 12 голови, а во својот договор има откупна клазула во износ од 50 милиони евра.

Ова не е прв Барселона да покаже интерес за овој напаѓач и сакаше да го доведе и во јануари, тогаш Селта не сакаше да го пушти бидејќи се бореше за осптанок.

Покрај Барселона интерес за него покажаа уште Тотенхем, Вест Хем и Ливерпул. Доколку Селта испаднеше во втора лига тогаш Барса можеби ќе стигнеше до неговиот потпис за сумата од 25 милиони евра, меѓутоа бидејќи клубот остана во Ла Лига никој не ќе може да го доведе за помалку од 25 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…