Дома Трансфер зона Договорот на повидок: ПСЖ ја одреди цената, Барса ќе плати – познато и колку Рабио ќе заработува во Каталонија

Договорот на повидок: ПСЖ ја одреди цената, Барса ќе плати – познато и колку Рабио ќе заработува во Каталонија

0
rabiot

Новиот тренер, Томас Тухел изгледа нема да прави никаков проблем при трансферот на Адриен Рабио од ПСЖ во Барселона.

Парижаните се обидуваат да го засилат својот тим од сезона во сезона. Лигата на шампионите е главната цел и вложуваат навистина многу, но засега се без поголем успех во Европа.

Во француското првенство доминираат и немаа вистинска конкуренција, сепак тоа веќе не ги задоволува апетите на богатите сопственици.

Сега изгледа ќе се одлучат на продажба на еден од своите најпрепсктивни играчи на својата позиција.

Имено, Адриен Рабио како што пишувавме во текот на вчерашниот ден ги договори личните услови со Барселона. Неговото барање беше договор од околу 7 милиони евра годишно, поточно 600.000 месечно.

Денес пристигнуваат информации дека постигнат е и договор помеѓу клубовите. ПСЖ се очекува да ја прифати понудата од 40 милиони евра за својот 23 годишен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Ливерпул продаде голман за 12,5 милини фунти

Само неколку часа откако го официјализираа трансферот на Алисон од Рома, „црвените“ потврд…