Дома Трансфер зона Договорот му истекува на 30 јуни и одби да го продолжи – дали овој играч најдобро решение ако барате „шпиц“?

Договорот му истекува на 30 јуни и одби да го продолжи – дали овој играч најдобро решение ако барате „шпиц“?

Aргентинецот се прости од навивачите и сега ќе има можност да го избере својот нов клуб.

Од играчите на кои договорот им истекува на 30 јуни, тешко дека во Европа ќе пронајдете подобар шпиц од Факундо Фереира. Можеби Марио Балотели е позвучно име, но Фереира изгледа како по сигурна инвестиција со оглед на ризикот кој со себе го носи „Супер Марио“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Напаѓачот на Шахтјор денес се прости со клубот од Доњеск. Фереира со емотивна порака на друштвените мрежи се прости од клубот и неговите навивачи за убавите четири години и истакна дека му е тешко што го напушта клубот.

Фереира оваа сезона постигна 30 погодоци во сите натпреварувања за Шахтјор и беше апсолутен херој оваа сезона во која неговиот клуб стигна до двојна круна и стигнаа до осмина
финалето во Лигата на шампионите. Во првенството беше стрелец на 17 погодоци.

Во Шахтјор пристигна пред четири години од Велез.

Шахтјор му понуди продолжување на договорот и голема сума, но Фереира понудата ја одби со образложение дека сака да игра во посилна лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…