Дома Фудбал Добри вести за Реал: Бејл подготвен за финишот од сезоната

Добри вести за Реал: Бејл подготвен за финишот од сезоната

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе се врати во екипата за одлучувачкиот натпревар во шпанското првенство против Малага, соопшти мадридскиот клуб.

Бејл пропушти седум натпревари откако се повреди на натпреварот против Барселона 23. април.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал денеска од 20 часот игра на гости против Малага, во последното коло од Примера и потребен му е бод за да ја освои титулата, прв пат од 2012. година.

Бејл се врати на тренинзите минатата недела, но не беше подготвен за минатиот натпревар против Селта (4:1), по што Реал ја надокнади предноста од три бода на Барселона, која во последното коло ќе игра на „Камп Ноу“ против Еибар.

Велшанецот ќе биде во конкуренција за тимот и за финалниот натпревар во ЛШ против Јувентус, кој ќе се одигра на 3. јуни во Кардиф, во родниот град на Бејл.

Реал ќе се обиде да стане првата екипа која го одбранила трофејот на Европа, откако е воведен новиот формат на ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …