Дома Фудбал Англија Добри вести за Арсенал: Капитенот почна да тренира после неколку месеци

Добри вести за Арсенал: Капитенот почна да тренира после неколку месеци

Капитенот на Арсенал и француски репрезентативец, Лоран Кошчелни е целосно рехабилитиран од повредата на ахиловата тетива, пренесуваат англиските медиуми.

Поради оваа повреда Кошчелни не тренираше од мај месец и го пропушти Светското првенство во Русија, каде неговата Франција ја освои светската титула.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според официјалната страна на Арсенал, Французинот за прв пат после повредата одработи цел тренинг со остатокот од тимот. Меѓутоа, се уште не е влезен во оптимална форма за да се врати на терените.

Сепак, ова е добра вест за Емери бидејќи наскоро ќе може да смета и на услугите на Кошчелни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Награда за неверојатен успех: Наполи го обезбедува најдобриот играч

Иако многумина беа скептични, Скот Мектоминеј и Наполи се вистински добитнички во фудбалск…