Maкедонскиот бисер Елиф Елмас се уште е член на Фенербахче, но тоа не би требало да остане така кога сезоната ќе започне.
Името на Елмас веќе подолго време се поврзува со многу големи европски клубови. Во еден момент се најавуваше дека неговиот трансфер во Атлетико Мадрид е завршена работа, но на крајот интересот од „јорганџиите“ изгледа опадна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега познатиот италијански новинар и познат експерт кога е трансфер пазарот во прашање посебно за Италија, Џанлука Ди Марцио пренесува вест за Елмас.
Ди Марцио вчера вечер објави дека Карло Анчелоти го гледа Елмас како идеално засилување во средниот ред на Наполи. Според информации, Анчелоти испратил барање до претседателот на клубот Де Лаурентис да му го доведе Елмас во најбрз можен рок со цел да има повеќе време да се адаптира.
Како алтернатива во случај Наполи да не може да стигне до потписот на Елмас се споменува Ерик Плугар од Болоња.
#Calciomercato | #Napoli, #Elmas l'obiettivo principale per il centrocampo. In alternativa, si pensa a #Pulgar del #Bologna ⬇️ https://t.co/T33AZxz0OC
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 2, 2019