Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота денес отворено зборуваше за плановите на „старата дама“ во летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми тврдат дека Милинковиќ-Савиќ е главна трансфер цел на Јувентус, но Марота изјави дека Србинот е прескап и го потврди доаѓањето на Емре Чан.
„Милинковиќ е фантастичен фудбалер, но гледајќи ги цените на трансфер пазарот неговата цена е прескапа за нас. Во секој случај нашиот тим е компетентен, а што се однесува до Емре Чан, се надеваме дека трансферот ќе се комплетира за десетина дена“, изјави Марота.
Марота проговори и за евентуалниот трансфер на Алваро Мората.
„Секој ден не поврзуваат со многу фудбалери. Мората е фудбалер кој има одлични односи со нашиот клуб, меѓутоа тоа се само шпекулации. Имаме многу силен напад и во моментов таа операција е само утопија“, тврди директорот на „старата дама“.