Дома Фудбал Останато Динамо Загреб доби казна, ќе биде без навивачи во Скопје

Динамо Загреб доби казна, ќе биде без навивачи во Скопје

Денешната ждрепка во Нион сакаше потенцијален ривал на Шкупи во второто коло да биде хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Шкупи во првото коло ќе игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а ако го елиминира ќе оди на двомеч со Динамо Загреб. 


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Меѓутоа Динамо Загреб во Скопје ќе допатува без навивачите „Бед блу бојс“, бидејќи клубот денес доби казна.

УЕФА го казни Динамо Загреб со 30.000 евра и еден меч на гости без присуство на навивачите, по инцидентот во Севилја во февуари годинава во меч од нокаут фазата во Европа Лигата.

Тоа значи дека познатите Бед Блу Бојс, нема да можат да допатуваат во Скопје, ако Шкупи го елиминира тимот од Гибралтар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…