Дома Фудбал Останато Диего Коста под истрага: Бил главен на криминална банда!?

Диего Коста под истрага: Бил главен на криминална банда!?

Шпанскиот напаѓач Диего Коста кој има бразилско потекло е обвинет и се наоѓа под истрага поради коцкање, перење пари и затајување на данок.

Бразилските медиуми пишуваат дека фудбалерот бил главен на банда која ја формирал. Се наведува дека истрагата започнала уште во март, но се водела во тајност. Медиумите објавија и дека бил извршен претрест во домовите на осомничените, а помеѓу нив бил и Коста.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Коста во овој момент го носи дресот на Атлетико Минеиро во Бразил и неговиот клуб излезе со кратко соопштение во врска со целиот настан.

„Клубоот нема никакви допирни точки со истрагата, пред да го ангажираме не ни беше познато дека истата постои“.

Во редовите на Атлетико Минеиро Коста пристигна во август и потпиша договор до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакл: Еден од најголемите германски фудбалери во историјата се прости пред 50.000 навивачи

Славниот Лукас Подолски изминатата вечер одигра проштален натпревар пред 50.000 навивачи в…