Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Наша задача ќе биде да го извадиме Алборг од ритам

Дибиров: Наша задача ќе биде да го извадиме Алборг од ритам

Тимот на Вардар нема премногу време за одмор затоа што после дербито со Е.Пелистер утре го чека натпревар во Лигата на шампионите против силниот Алборг.

Пред овој натпревар за медиумите зборуваше Тимур Дибиров.

„Тимот најдобро го крева победата. Влеговме во еден Бундес ритам и не можеме да се опуштиме, тоа не е возможно поради домашните натпревари. Не можеме да направиме и добар тренинг. Атмосферата е на добро ниво поради победите со Мешков и Пелистер, но за нас важно е што ќе биде, не што било“.

И Алборг како и секоја екипа има слабости за Дибиров.

„Секоја екипа има слабости, па и Алборг. Многу трчаат и имаат силно темпо. Наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам од таа нивна комформа зона“, изјави Дибиров.

Натпреварот помеѓу Вардар и Алборг се игра уте од 18:45 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вујовиќ: Ситуацијата станува депресивна, цело време сме блиску, но на крајот губиме!

Стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ зборуваше пред медиумите после поразот на Вардар од К…