Дибала е повторно во центарот на вниманието во италијанските медиуми. Аргентинецот одлично ја започна сезона, но во полседно време ја „грее“ клупата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веднаш почнаа шпекулации дека станува збор за несогласување со тренерот Алегри и дека би можел да ја промени средината.
Вчера Дибала се појави на тренингот и евидентно е дека не е во добра форма, а медиумите веднаш почнаа да пишуваат дека „пуштил стомаче“.

„Тутоспорт“, весник близок до раководството на Јувентус тврди дека италијанскиот клуб е спремен да го продаде Дибала, но само доколку пристигне понуда од 150 милиони евра.
Дибала оваа сезона постигна 15 гола на 25 натпревари и е најдобар стрелец во тимот. Поради тоа тешко е да се очекува негов трансфер во јануари, но многу веројатно следното лето.