Дома Трансфер зона Де Лаурентис му ја исполни желбата на Анчелоти: Наполи има нов десен бек

Де Лаурентис му ја исполни желбата на Анчелоти: Наполи има нов десен бек

Кевин Малки во понедлник пристигнува на прегледи.

Тимот на Наполи денес го реши и прашањето на десната бековска позиција. Сенегалецот Јусуф Сабали практично беше завршен пред неколку недели, но трансферот пропадна во последен момент бидејќи десниот бек на Бордо не ги помина медицинските прегледи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Наполи се поврзуваше и со Дармијан, но изгледа дека не пронајдоа заеднички јазик со Манчестер Јунајтед, па на крајот нов десен бек на клубот ќе биде Кевин Малки кој има 26 години и доаѓа од Лил.

Малки по потекло е Мароканец, а во својата кариера настапуваше за Сент Етјен, Ниор и Монако.

Италијанските медиуми, предводени од Џанлука Ди Марцио пренесуваат дека трансферот е договорен и дека Наполи ја победил конкуренција со понудата од 11.5 милиони евра.

Минатата сезона, Малки на 25 натпревари за Лил запиша пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…