Дома Трансфер зона Де Геа не попушта: Бара астромонска плата за да остане на „Олд Трафорд“

Де Геа не попушта: Бара астромонска плата за да остане на „Олд Трафорд“

0

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не отстапува од своите финансиските побарувања за да го продолжи договорот договорот со „црвените ѓаволи“, пренесуваат англиските медиуми.

Де Геа е спремен да стави потпис на долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но бара 400.000 фунти неделно, што значи 21 милион евра годишно.

Таквата сума ќе го направи Шпанецот втор најдобро платен играч на Јунајтед, по Алексис Санчез, кој заработува 23 милиони евра годишно.

Клубот од „Олд Трафорд“ не е спремен да му понуди толку висока плата, па преговорите продолжуваат со цел двете страни да најдат заеднички јазик.


Следете го Sportski.mk и на


Де Геа има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2020 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ брзаат што е можно побрзо да го затворат ова прашање.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Човек да не поверува – Тотенхем испраќа скаути на натпреварот Аталанта – Милан!

Oпшто познато е дека премирлигашите трошат најмногу на засилувањем но еден клуб е исклучок…