Дома Фудбал Англија Де Геа на полувремето против Челзи го прекрил лицето и им се извинувал на соиграчите

Де Геа на полувремето против Челзи го прекрил лицето и им се извинувал на соиграчите

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа немаше свој ден против Челзи.

„Црвените ѓаволи“ против Челзи одиграа нерешено на „Олд Трафорд“, а најголем виновник за тоа реми е голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа кој при водство од 1:0 направи голем кикс и му овозможи на лондонскиот состав да изедначи.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Беше тоа кикс кој резултираше со низа критики на сметка на шпанскиот голман кој според информациите на британски „Сан“ се извинувал уште на полувремето.

„На полувремето со рацете го прекри лицето и се извинуваше. Сметаше дека го изневерил целиот тим со својата грешка“, изјавил извор близок до соблекувалната на Манчестер Јунајтед за „Сан“.

Де Геа бил целосно „скршен“.

„После натпреварот беше тивок. Совлекувалната ја напушти молчејќи брзајќи кон својот дом“, додал истиот извор.

Де Геа во последно време не може да се пофали со својата форма, но Оле Гунар Солскјер се уште максимално му верува, а после натпреварот против Челзи му порача да заборави на тој кикс.

Инаку овој период во медиумите на големо се шпекулираше дека Де Геа ги минува последните месеци на „Олд Трафорд“ и дека скоро сигурно го напушта Манчестер Јунајтед, па можеби таквите пишувања се една од причините за Де Геа да не биде максимално фокусиран на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…