Некогаш еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и човек кој дефинитивно има и уште што друго да понуди, Давид Де Геа се уште нема клуб иако поминаа седум месеци од неговото заминување од Манчестер Јунајтед. .
Поради долгиот период без ангажман, јавноста си го поставува и прашањето дали Де Геа воопшто бара?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имаше многу заинтересирани клубови, меѓутоа засега Шпанецот ги одбиваше понуди. Можеби најсериозен беше Бетис, влезе во игра и Њукас, како и клубови од Саудиска Арабија.
Очигледно е дека не му се брза, но времето му истекува доколку сака да настапи за шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија во летото кое следи.