Дома Топ вести Детали од последните моменти: Како Осимен стана еден од најголемите губитници во преодниот рок

Детали од последните моменти: Како Осимен стана еден од најголемите губитници во преодниот рок

Виктор Осимен долго време се обидуваше да го напушти Наполи, а на крајот целата драма заврши со најлошо можно сценарио за него.

Тој ги договори прво личните услови за трансфер во Ал Ахли, но во последен момент ги стопираше преговорите сакајќи да види што нуди Челси и да се обиде да постигне договор со англискиот гигант.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


На крајот неговиот избор беше Челзи, меѓутоа во краткото време англискиот гигант не се договори со Наполи. Според информациите последната понуда на Челзи до Осимен била четири милиони евра фиксна плата и уште четир преку бонуси, тоа е двојно помалку од она што го добива во Наполи.

Со таквата понуда пропаднала и целата операција и се било откажано на еден час пред полноќ.

Опцијата за Ал Ахли се уште останува бидејќи трансфер периодот во Саудиска Арабиај е отворен уште три дена, сепак не е познато колоку желба сега има Ал Ахли да го доведе. Ќе потсетиме, овој тим вчера го доведе и Ајван Тони од Брентфорд.

Како што стојат работите реално сценарио е Осимен да остане во Наполи и да биде најголемиот губитник во целата приказна бидејќи има нарушени односи со тренерот Антонио Конте и е надвор од тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…