Дома Топ вести Детали од договорот: Зошто Меси го избра Интер Мајами пред Ал Хилал?

Детали од договорот: Зошто Меси го избра Интер Мајами пред Ал Хилал?


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Tрансфер сагата со Меси заврши така што Аргентинецот го избра Интер Мајами да биде негов следен клуб во кариерата.

Се преговараше за враќање во Барселона, тука беше и саудискиот Ал Хилал, но на крајот Интер Мајами успеа да стигне до потписот на Аргентинецот. Барселона не можеше да пронајде решение толку брзо поради финансиската ситуацијата, Ал Хилал го нудеше најбогатиот договор, меѓутоа Интер Мајами победи со својот проект.

Официјално се уште не се откриени детали од договорот на Меси со клубот кој го води Дејвид Бекам, меѓутоа во медиумите се појавува по не која информација.

Меси ќе добие процент од продажбата на телевиски права на МЛС лигата на „Епл“ уредите, процент од продажбата на дресови во Интер Мајами (тоа директно ќе го плаќа „Адидас) и можност за купување на акции во клубот во завршувањето на кариерата. Токму таа последна ставка од договорот наводно била клучна Меси да се согласи.

Ниту еден трансфер на некој играч во САД не привлекол толкава внимание, а вчера за време на финалниот НБА натпревар помеѓу Мајами и Денвер навивач држеше аргентински дрес со името на Меси.

Меси веќе претходно потврди дека ако избирал само поради парите, тогаш ќе заминел во Саудиска Арабија.

„Не можев да се вратам во Барселона, одам во Интер Мајами. Ако беа само парите причина ќе одев во Саудиска Арабија. Јасно е дека парите не беа на прво место, спремен сум за нов предизвик“, потврди Меси за „Мундо Депортиво“.

Исто така Барселона во своето соопштение истакна дека Меси имал желба да се пресели во лига која не е во центарот на вниманието на јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова се најплатените играчи во Премиер лигата, Де Брујне на врвот

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Фудбалерот на Манчест…