Ужасни вести доаѓаат за поранешниот фудбалер Фреди Ринкон, кој вчера имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓа во критична состојба.




Ринкон доживеа несреќа кога неговиот автомобил налетал на автобус со голема брзина. Двете возила се уништени, а Колумбиецот морал да биде опериран.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Докторите опишаа дека неговата состојба е сериозна, додека поранешниот фудбалер и пријател на Ринкон, Хамилтон Рикард вели дека е песимист.




„Ако преживее ќе биде чудо. Може само да се молиме и да чекаме. Докторите ни ја кажаа вистината. Фреди во болница е примен со четири отсто работа на мозокот, а операцијата траеше три часа“, вели Рикард