Дома Останати Кошарка НБА Дерозан ги сруши Лејкерси, Далас поразен кај Минесота 🎥

Дерозан ги сруши Лејкерси, Далас поразен кај Минесота 🎥

На програмата во НБА лигата беа шест натпревари остатоткот беше одложен поради проблемите во клубовите со коронавирусот.

Без Дончиќ Далас изгуби на северот, Карл Ентони Таунс уфрли 24 поени, Расел додаде 22, а за работата да биде полоша за Мавси се повреди Порзигис во третата четвртина. Минесота го доби Далас со 111:105.

Демар Дерозан се врати после две недели изолација и ги растури Лејкерси. Уфрли Дерозан 38 поени и можеше да се види дека има желба за кошарка, а дека болеста не оставила трага. Чикаго губеше со поен разлика, Дерозан погоди за пресврт. Во следниот напад промаши, но Лонзо Бол дојде до топката, па Булси имаа нов напад. После фаулот Дерозан со слободни фрлања ја потврди победата.

Вучевиќ натреварот го заврши со 19 поени, 13 скокови. Кај Лејкерси Леброн уфрли 31 поен, Ентони 21, Вестбрук 20. Дејвис како што е познато ќе биде отустен одреден период поради повреда. Треба да се спомене дека за Чикаго ова беше прв натпревар во последните девет дена, двата нивни претходни натпревари беа одложени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Мајами 100:90, Мемфис – Портланд 100:105, Сакраменто – Сан Антонио 121:114, Чикаго – ЛА Лејкерси 115:110, Минесота – Далас 111:105, Феникс – Шарлот 137:106.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Миовски ја продолжува голгетерската форма: Нови два гола за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против…