Денес продолжуваат натпреварите од Лигата на шампиони, а во фокусот секако ќе биде дуелот помеѓу Барселона и Наполи.
Клучен натпревар во сезоната за Барселона
Барселона разочара оваа сезона и моментално се наоѓа на третото место во Ла Лига со цели осум бода заостанување зад лидерот. Чави сигурно нема да се предаде до крај, но малку кој верува дека Каталонците можат да ја одбранат титулата. Атмосферата во тимот не е добра, Барса не игра на препознатливото ниво. Во последно време ја поправи формата и на последните четири меча запиша три победи и едно реми, а сега целта е пласман во четвртфиналето. Во Лигата на шампиони овој тим има искуство и знае да игра на резултат што покажа во првиот дуел, кога одигра одлично во Неапол. Барса има добар резултат, одигра реми, па сега ќе мора да победи пред своите навивачи и се наоѓа пред императив победа бидејќи овој меч е еден од најважните сезонава.
Наполи нема што да загуби
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион на Италија буквално не личи на себе оваа сезона и игра под сите очекувања. Италија не памети полоши резултати на еден актуелен шампион и Наполи моменатлно се наоѓа на средина на табелата. Во октомври беше направена тренерска смена после лошиот старт на сезоната, но со доаѓањето на Мацари резултатите само станаа полоши. Во Лигата на шампиони Наполи одигра добро во првата фаза, собра 10 бода и заврши на второто место веднаш позади Реал Мадрид. Тимот во последно време почна да ја подобрува формата, но тешко дека ќе успее да дојде до позитивен резултат на ова гостување. Наполи во првиот ,меч имаше шанси за победа но ги пропушти. Сега нема што да загуби и ќе се обиде да ја изненади Барселона, која исто така не игра на високо ниво. Наполи има квалитет и играчи кои можат да направат разлика во секој момент.
Очекување
Очекуваме отворен дуел со многу голови и неизвесност до самиот крај, бидејќи двата тима играат за гол повеќе од противникот и се непредвидливи.