Дома Трансфер зона Депај фантастично пречекан во новиот клуб 🎥

Депај фантастично пречекан во новиот клуб 🎥

Холандскиот фудбалер, Мемфис Депај допатува во Сао Паоло каде што потпиша двегодишен договор со Коринтијас.

Депај допатува на аеродромот, Гваруњос каде што беше пречекан од навивачите. Во бразилскиот клуб Депај пристигна како слободен играч, а ќе биде претставен пред четвртфиналето од Купот против Хувентус.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во првиот натпревар Коринтијас изгуби 1:3. Депај на почетокот на неделата во Холандија ги помина лекарските прегледи.

Кариерата ја започна во 2011 година во ПСВ, играше уште за Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико. Дебито за холандската репрезентација го имаше во 2013 година, а во 98 натпревари постигна 46 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…