Дома Топ вести Денес е „денот Д“ за Солари!

Денес е „денот Д“ за Солари!

Шпанските медиуми очекуваат денес да стане јасно дали Сантиаго Солари ќе остане на кормилото на Реал Мадрид до крајот на сезоната.

Претседателот Флорентино Перез денес ќе има средба со бордот на директори, како што традиционално се случува секој понеделник, и ќе биде донесена конечна одлука.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главна тема на состанокот ќе биде иднината на Сантиаго Солари, па денес може да има важни вести дали ќе биде заменет веднаш, или ќе ги води „кралевите“ до крајот на сезоната. Она што е јасно е дека Аргентинецот сигурно нема да биде тренер на Реал следната сезона.

Во меѓувреме „Марка“ лансираше уште едно име кое може да седне на клупата на „кралевите“ до крајот на сезоната. Станува збор за бившиот играч на овој клуб, Кларенс Сидорф кој има искуство како тренер во Милан, Шензен и Депортиво Ла Коруња.

Што се однесува за тоа кој ќе биде тренер на Реал Мадрид следната сезона, денес весникот „Ел Пас“ објави дека отпаднало името на Зинедин Зидан кој веќе донел одлука за својата иднина и таа нема да биде во Мадрид (види ОВДЕ).

Најсериозен кандидат за кормилото на „кралевите“ во моментов е Жозе Мурињо, кој е најголема желба на претседателот Флорентино Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…