Дома Топ вести Зидан веќе донесе одлука – познат неговиот нов клуб

Зидан веќе донесе одлука – познат неговиот нов клуб

Шпанските медиуми веќе подолго време шпекулираат со иднината на Зинедин Зидан и го поврзуваат во враќање на клупата на Реал Мадрид.

Иако популарната емисија „Чирингито“ тврдеше дека Зидан размислува за враќање на „Сантиаго Бернабеу“ на лето, сепак угледниот „Ел Пас“ тврди дека тоа сигурно нема да се случи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Весникот тврди дека Реал воопшто не воспоставил контакт со францускиот стратег бидејќи Зидан има затегнати односи со претседателот Перез и директорот Санчез.

Зидан го напушти Реал токму поради лошите проценки на Флорентино Перез. Тој не се согласуваше со купување на нов голман, сакаше да се ослободи од Бејл и по секоја цена да се задржи Роналдо. Во спротивно му порачал на клубот дека нема што да бара оваа сезона, што се испостави како точно.

Од друга страна Перез е многу повеќе загреан за Мурињо, веќе ги направил првите контакти со Португалецот и сака да го врати на „Сантиаго Бернабеу“.

„Ел Пас“ тврди дека Зидан нема да се врати во Мадрид и поради фактот што веќе ја донел одлуката за својата иднина. Имено, Французинот го чека расплетот во Јувентус и е спремен да седне на купата на „старата дама“.

Италијанските медиуми отидоа чекор напред и тврдат дека Зидан веќе постигнал договор со „старата дама“ до 2022 година и дека тоа ќе биде официјализирано на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…