Рафаел Надал ќе игра на Австралија опен, потврди директорот на турнирот Крег Тајли. Шпанецот, 37-годишниот кој има освоено 22 грен слем титули, нема играно тенис од јануари кога се повреди во второто коло на Австралија Опен. Оваа година тој беше подложен на операции.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Можеме ексклузивно да откриеме дека Рафа ќе се врати. Разговаравме неколку пати во последните неколку дена и тој ми потврди дека се враќа. Возбудени сме поради неговото доаѓање, одлично е“, рече Тајли за победникот на Грен слем 2009 година и во 2022 г
Надал, кој за многумина е најдобриот тенисер на сите времиња заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, ќе може да игра на Австралија опен благодарение на заштитениот пласман. Поранешниот светски тенисер број еден сега е само 240. на АТП-листата. Тој претходно изјави дека следната година ќе му биде последна во професионалниот тенис.