Дома Фудбал Лига на шампиони Дебакл за Серија А во Лигата на шампионите!

Дебакл за Серија А во Лигата на шампионите!

Aко минатата сезона беше одлична за италијанските тимови во Лигата на шампионите, сезонава ниту еден клуб од Серија А не успеа да го помине осминафиналето.

Во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување минатата година, Италија имаше дури три претставници, а Интер и Милан играа во полуфиналето. „Нероаѕурите“ стигнаа и до финалето каде што беа поразени од Манчестер Сиити.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓутоа, сезонава Италијанците доживеаа вистински дебакл бидејќи во четвртфиналето немаат ниту еден претставник.

Милан натпреварувањето го заврши уште во групната фаза, додека Интер, Наполи и Лацио својот настап го завршија во осминафиналето. Интер вчера беше елиминиран од Атлетико Мадрид на пенали, Наполи еден ден претходно изгуби од Барселона, додека минатата недела Баерн славеше против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…