Напаѓачот на Пари Сент Жермен, Единсон Кавани и капитенот Тиаго Силва може да го напуштат клубот на крајот на сезоната.
Договорите на двајцата играчи истекуваат на крајот на оваа сезона, а парискиот клуб се уште не им предложил продолжување на соработката.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во исто време, Кавани не исклучува дека ќе остане и верува дека се уште може да го убеди клубот да му понуди нов договор, но тоа ќе зависи и од фактот дали ќе биде откупен Кавани.
Се посочува дека Кавани во случај да го напушти Париз, кариерата може да ја продолжи во американската МЛС
Француските медиуми пак пренесуваат дека новиот договор со Бразилецот не е приоритет за клубот и Тиаго Силва готово сигурно ќе го напушти Париз и може да се врати во Серија А.