Дома Фудбал Англија Дајер: Не знам дали Мурињо разбра што правам, кога се мора, се мора

Дајер: Не знам дали Мурињо разбра што правам, кога се мора, се мора

Ерик Дајер во 76. минута од натпреварот во Лига Купот против Челзи истрча до соблекувалната за да отиде до тоалет.

Неговиот тим во тој момент губеше со 0:1 и за малку Тотенхем не прими гол со играч помалку. За среќа на Дајер Хадсон Одои не беше прецизен и остана 0:1. Подоцна Тотенхем постигна гол и преку пеналите дојде до победата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во моментите кога Дајер истрча до стадионот, Мурињо тргна по него и тоа беше сцена која го обележа натпреварот (тука).

По натпреварот Дајер зборуваше за таа ситуација.

„Сите можат да замислат што се случи. Добро сум, но тоа ми се случи првпат. Не можев ништо да направам околу тоа, кога се мора, едноставно се мора. Не знам дали Жозе разбра што правев. Им кажав на Хојберг и Алдервилд дека ќе излезам од теренот. Имав  силни болки во стомакот“, објасни Дајер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …