Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва даде изјава која медиумите ја протилкуваа како „флерт“ со Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити неодамна беше казнет од УЕФА со двегодишна суспензија од европските натпреварувања, па можно е неколку ѕвезди да побараат трансфер од „Етихад“.
Бернардо Силва е еден од играчите со најмногу настапи во тимот на Гвардиола, но во последно време се шпекулира дека може да се пресели во Барселона, а Португалецот со својата изјава само ги подгреа шпекулациите.
„Играм со Кристиано во репрезентацијата, и кога би играл со Меси во клуб тогаш би можел да кажам дека сум играл со најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Тоа е комплицирано да се оствари, дали во Барселона или во Сити, навистина не е важно“, изјави Силва.
Навивачите на Барса оваа изјава ја сфатија како порака до раководството да го ангажира Португалецот ова лето.