Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но најверојатно веќе го изигра последниот меч за Барселона.
Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона.
Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и нема да плати 10 милиони евра.
18-годишниот Демиер е меѓу првите кои што ќе го напушти „Камп Ноу“ во јануари, а Барселона сака да се ослободи од уште неколку фудбалери на кои Чави нема да смета во иднина.