„Зошто да зборувам за иднината ако сум во Мадрид? Она што го слушате и читате е Интернет, а Интернетот не е реалност“, изјави вчера Карим Бензема откако беше прашан дали следната сезона ќе игра за Реал Мадрид.
Понудата која ја има од Саудиска Арабија е огромна и последните вести од Шпанија тврдат дека Французинот можеби ги измамил сите со изјавата во која ја споменал својата иднина и дека лесно може да си замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карим Бензема доби неверојатна понуда од Саудиска Арабија. На масата на 35-годишниот Французин беа ставени 200 милиони евра и му беше понуден дресот на актуелниот шампион Ал Итихад.
Бензема наводно веднаш реагирал и му кажал на клупското раководство дека сака да си замине на крајот на сезоната.
Сепак, тој вчера имаше јавен настап во кој кажа одредени работи кои би можеле да значат останување во Мадрид и потпишување на нов едногодишен договор.
„Зошто да зборувам за иднината ако сум во Мадрид. Она што го слушате и читате е Интернет, а Интернетот не е реалност. Во моментов сум тука во Мадрид и имаме натпревар во недела“, рече Бензема.
Сепак, вестите кои доаѓаат од Мадрид не се премногу оптимистички. Медиумите и новинарите блиски до Реал тврдат дека ништо не е исклучено во случајот со францускиот напаѓач.
Карим Бензема се уште не му потврдил на клубот дали останува или заминува. Реал Мадрид веќе не знае што планира Карим. Ништо не се знае за него“, пишуваат шпанските новинари.
Новинарот Марио Кортегана донесе информации за тоа како кралскиот клуб тргнал по англискиот напаѓач Хари Кејн. Ќе се обидат да го ангажираат веќе ова лето и ова е јасен знак дека Карим Бензема на крајот би можел да си замине.
Ќе видиме што ќе биде со искусниот напаѓач во наредниот период. Понудата од Саудиска Арабија е неверојатна и тоа еднаш во животот.
Хари Кејн сигурно нема да дојде доколку треба да се бори со Бензема за место во составот, а се навестува дека мечот против Атлетик Билбао може да биде последен за легендарниот Французин.