Дома Фудбал Останато Дали Анчелоти на најдобар начин го опиша враќањето на Зидан?

Дали Анчелоти на најдобар начин го опиша враќањето на Зидан?

0
ancheloti

Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид откако во клубот неуспешни епизоди имаа Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари.

Неговото враќање израдува голем број фанови, но и фудбалски легенди еден од нив е и Карло Анчелоти.

Зидан во Реал „учеше“ од Анчелоти за подоцна да го превземе кормилото од Рафаел Бенитез. Големиот успех титулите во Лигата на шампионите го натераа Перез да се одлучи да го врати Зидан.

Враќањето на Зидан сигурно беше изненадување за многумина, но за Анчелоти нивната врска ја опиша како совршен брак.

„За мене Зидан и Реал Мадрид се еден совршен брак. Создадени се еден за друг и сигурен сум дека оваа врска повторно ќе функционира. Зидан се врати и добро знае што треба да прави, наредната сезона треба да се очекува напад на Реал на сите трофеи, како во Шпанија, така и во Европа. Пред Зидан сега е доволно време да направи анализа и со максимално подготвен тим да влезе во сезоната“, изјави Анчелоти во интервјуто за реномираниот „Франс Фудбал“.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Генијално: Наполи со специјално видео го поздрави Сари (видео)

Маурицио Сари денес и официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус, а неговиот п…