Дома Фудбал Англија Дали Алегри ќе му „поклони“ 70 милиони на Јувентус!?

Дали Алегри ќе му „поклони“ 70 милиони на Јувентус!?

Масимилиано Алегри и понатаму силно се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, во случај ако Солскјер добие отказ.

Близок извор до таборот на Манчестер Јунајтед, откри дека прашање е само на денови кога трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри, и официјално ќе биде претставен за нов менаџер на „црвените ѓаволи“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најголем добитник од целата ситуација може да биде Јувентус. Имено, Алегри и понатаму е под договор со „старата дама“ и заедно со своите помошници за оваа година ќе добие вкупно 16 милиони евра.

Притоа, од Јувентус се надеваат дека Алегри со себе на „Олд Трафорд“ ќе ги понесе Марио Манџукиќ и Емре Чан. Хрватот има плата од 6 милиони евра по сезона, додека Германецот годишно заработува 5 милиони евра.

Па така доколку Алегри и офцијално биде назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед, Јувентус би можел да заштеди околу 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oткриени нови детали: Алонсо сакал Модриќ да остане, клубот не дозволил

Чаби Алонсо, кој го водеше Реал на Светското клупско првенство во последните натпревари на…