Дома Фудбал Репрезентации Далиќ потврди: Хрватска против Англија ќе биде без еден од најдобрите

Далиќ потврди: Хрватска против Англија ќе биде без еден од најдобрите

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ нема да биде во можност да им помогне на своите сонародници на гостувањето кај Англија во рамките од Лигата на Нации.

Натпреварот кој се игра во недела од 15:00 часот на „Вембли“ ќе биде одлучувачки, а Хрватска во него ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дека Ракитиќ нема да настапи потврди селекторот Златко Далиќ.

„Можам да кажам дека Иван Ракитиќ нема да биде во конкуренција за настап против Англија. Тој поради повреда ќе се врати во Барселона на дополнителни прегледи. Ја знаете мојата пракса, не сакам да ризикувам со играчите кои не се спремни“, порача Далиќ.

Хрватите вчера ја победија Шпанија со 3:2 и така се доведоа во ситуација да одлучуваат за својата судбина.

Сепак, прашање е кој ќе игра на местото на Ракитиќ.

„Ќе му најдам замена. Тука се Власиќ, Бадељ, Ковачиќ, Брекало, имам повеќе опции. Мораме повеќе да ги воведуваме младите играчи, но исто така не смееме да заборавиме и на искусните кои ќе ја носат екипата. На младите останува да слушаат за што побрзо да се вклопат во тимот“, заклучи селекторот на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…