Дома Фудбал Останато Далиќ доби неморална понуда – мора да одлучи до крајот на неделата!

Далиќ доби неморална понуда – мора да одлучи до крајот на неделата!

Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ е на големо искушение откако доби богата понуда од Кина, пренесуваат хрватските медиуми.

Далиќ со освојувањето на второто место на Светското првенство се етаблираше како одличен тренер, па многу клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако Хрватот претходните месеци ги одби сите понуди, сега се наоѓа во големо искушение бидејќи еден кинески клуб му понуди неверојатен договор. Имено, Далиќ на маса има тригодишен договор според кој би заработувал 8 милиони евра по сезона, плус ќе добие бонус при потпишување на договорот.

Исто така Далиќ ќе има буџет да си донесе стручен штаб по свој избор, но и богати бонуси.

Иако тој неодамна изјави дека сака да остане селектор на Хрватска до 2020 година, сепак ова е понуда која не може да се одбие, а треба да донесе одлука до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалски фан клубови го повикуваат Меси да ја бојкотира средбата со Ангола

ГРУПА НЕВЛАДИНИ организации побараa од аргентинската фудбалска репрезентација и Лионел Мес…