Дома Фудбал Останато Даглас Коста го воодушеви Бразил: Излезе на улица и подели полн атвомобил намирници (ФОТО)

Даглас Коста го воодушеви Бразил: Излезе на улица и подели полн атвомобил намирници (ФОТО)

Јувентус пред неколку недели му даде дозвола на Даглас Коста да се врати во Бразил каде што исто така мораше да помине две недели во домашна изолација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Коста одлучи да се врати во Бразил за да биде со своето семејство и девојката Наталија Феликс. Тој го испочитува карантинот од две недели кој му истече пред неколку дена и сега има дозвола да го напушта својот дом.

Фудбалерот на Јувентус воодушеви со својот потег бидејќи одлучи да помогне на оние кои им е најмногу потребно. Коста својот автомобил го наполни со разни намирници и ги делеше на најзагрозените.

Тој ја организираше оваа акција со неговата мајка Марлена и девојката Наталија. Инаку, во Бразил има повеќе од 14.000 заразени од коронавирус, а починаа 688 лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сон: Чувам голови за Светското првенство

Капитенот на корејската репрезентација, Хјон-Мин Сон, не е загрижен за недостатокот на гол…