Луис Суарез уште на дебито во Атлетико за 20 минути поминати на теренот покажа дека ќе биде страшно засилување за „јорганџиите. Уругваецот постигна два гола и запиша една асистенција откако влезе во игра во 70 минута на местото на Диего Коста.
Конкуренцијата во нападот на Атлетико сега е навистина пеколна, Коста и Суарез се двајца топ напаѓачи. Коста смета дека тој и Суарез ќе бидат одличен тандем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ќе бидеме одлични, едниот ќе гризе, дргуиот ќе клоца. Не знам како Барселона си дозволи да го изгуби Суарез, но тоа за нас испадна добро. Покрај играта на теренот, Луис помага и со самото негово присуство во соблекувалната. Има карактер на победник и желба за освојување трофеи. Среќен сум поради победата и голот, тоа ми дава самодоверба“, изјави Коста.
Во медиумите често пати се пишува за негово заминување од Атлетико, еве што Коста имаше да каже.
„Дозволив клубот да одлучува за мојата иднина. Во ниту еден момент не сакам да бидам терет тука. Клубот тоа добро го знае. Ако сакаат да ме продадат ќе заминам, би прифатил и раскинување на договорот. Разговарав со клубот и тренерот за тоа што се случува. Доколку останам ќе продолжам да се борам и се надевам ќе немам проблеми со повредите“, порача Коста.