Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз и менаџерот Антонио Конте имале разговор на кој ги разјасниле своите односи, пренесуваат англиските медиуми.
Бразилецот беше остранет од тимот откако си дозволи да ја критикува тактиката на тренерот после поразот од Рома во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тоа Давид Луиз доживеа повреда на коленото и повторно беше надвор од тимот во последните три недели. Англиските медиуми очекуваат Бразилецот да биде во стартниот тим викендов против Саутемптон.
Луиз изминатите денови имал разговор со Конте и го известил дека доколку не игра редовно сигурно ќе побара трансфер во јануарскиот преоден рок. „Експрес“ тврди дека овој месец ќе биде пресуден за неговата иднина на „Стенфорд Бриџ“.
Бразилецот сака да игра редовно за да биде во форма на Мундијалот во Русија, а интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.