Дома Трансфер зона Грилиш на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“

Грилиш на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“

Играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да го донесат англискиот репрезентативец за 50 милиони фунти, доколку клубот од Бирмингем испадне од Премиер лигата.

Во спротивен случај Астон Вила за слободата на Грилиш ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони фунти, но Јунајтед е спремен да преговара.

После доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари, Солскјер смета да го комплетира средниот ред со Грилиш и го поставил Англичанецот како приоритет.

Последните информации од Островот се дека Грилиш веќе нашол куќа во Манчестер и е многу блиску до преселба на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…