Дома Фудбал Останато Гризман се вклучи во расправата на Бензема и Жиру за картингот и формулата

Гризман се вклучи во расправата на Бензема и Жиру за картингот и формулата

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман се вклучи во расправата помеѓу Карим Бензема и Оливие Жиру која траеше неколку дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се започна кога Бензема кој е исфрлен од репрезентацијата од 2015 година поради скандалот со Валбуена се спореди со Оливие Жиру кој со Франција го освои Светското првенство во Русија.

Бензема на таа споредба порача:

„Немојте да мешате Формула 1 и картинг. Да, јас сум формулата“, порача Бензема.

Жиру не му остана должен и се огласи по оваа изјава:

„ „Некои зборуваат дека Формула 1 и картинг не се споредуваат, но јас само ќе кажам дека сум светски шампион што не е лошо за некој кој е картинг“.

Сега на оваа тема запрашан да даде свое мислење беше Антоан Гризман.

„Не можам да ви одговорам на ова прашање, тоа би ми донело проблеми. Го сакам Жиру, тој е добар играч и ни помогна да го освоиме Светското првенство, а тоа е важно во животот“, порача Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драмата на Мундијалот беше негов последен натпревар: Најголемата ѕвезда на Сенегал веќе нема да игра за репрезентацијата!

Еден од најистакнатите сенегалски фудбалери во историјата, Садио Мане, наводно донел одлук…