Францускиот напаѓач Антоан Гризман изјави дека би сакал да освојува трофеи заедно со соиграчот од репрезентацијата, Пол Погба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
За време на репрезентативната пауза Погба изјави дека би сакал почесто да има прилика да игра со Гризман, а ѕвездата на Атлетико веднаш одговори.
„Би било прекрасно да бидеме во ист тим и да освојуваме трофеи. Но, бидете внимателно! Тоа не значи дека сакам да играм за Манчестер Јунајтед“, јасен беше Гризман.
Минатата сезона постоеше сериозна шанса Гризман да стане „црвен ѓавол“, тој и сам го призна, но на крајот се одлучи да остане во Атлетико Мадрид.
Сепак, се чини дека 27-годишниот Французин ова лето ќе се пресели во Барселона, па тешко дека во блиска иднина ќе игра заедно со Погба.