Дома Фудбал Англија Грешка на векот: Го одбиле Кејн бидејќи мислеле дека е премногу буцкаст!

Грешка на векот: Го одбиле Кејн бидејќи мислеле дека е премногу буцкаст!

0

Хари Кејн во претходните неколку години прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па сега само прашање на време е кога ќе го напушти Тотенхен и во кој европски гигант ќе ја продолжи кариерата.

Сонот на Хари Кејн како дете бил да заигра за Арсенал и бил на само чекор неговиот сон да се исполни. Кејн тренирал со „топџиите“, но луѓето од Арсенал одлучиле дека тој не е доволно талентиран за да биде дел од нивниот клуб.

Сега во Арсенал сигурно жалаат што Кејн не е нивни играч, туку на лутиот ривал Тотенхем. Некогашниот играч на „топџиите“ и човек кој е дел од луѓетп кои го одбиле Кејн, Лиам Бреди, објасни зошто донеле таква одлука.

„Беше буцкаст, не беше атлетски тип и ние направивме огромна грешка поради тоа. Тотенхем го испраќаше на позајмица во нисколигаши, но тој беше одлучен да успее и да направи одлична кариера. Ние имавме погрешно мислење за него на основа на неговиот изглед и ја направивме најголемата грешка“, изјави Бреди.


Следете го Sportski.mk и на


тип

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус му кажа НЕ на Месут Озил

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ја одбил можноста да го донесе плејмејкеро…