Артуро Видал ова лето готово сигурно ќе го напушти Баерн Минхен, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Серија А.
Веќе од поодамна италијанските медиуми пишуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за Чилеанецот, но сега во траката за неговиот потпис се вклучи и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Видал истекува следното лето, па ова е последна шанса Баерн да заработи на неговата продажба и веќе ја одреди цената од 30 милиони евра.
Германски „Билд“ потврди дека новото раководство на Милан е сериозно заинтересирано за Чилеанецот и наводно е спремно да ја плати споменатата сума.
Тренерот Гатузо покрај врвен напаѓач побарал и засилување за средниот ред, а најголема желба во овој момент е токму Видал.
Интер е во предност бидејќи настапува во Лигата на шампиони, но сега ќе треба да ја израмни понудата на „росонерите“.