Toтенхем вчера во дербито на третото коло во Премиер лигата убедливо го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 3:0 и така му го нанесе првиот пораз во сезоната.
„Црвените ѓаволи“ изгледаа добро во првиот дел, на моменти беа и подобар тим. Имаа прилика и да стигнат до водството, но Ромелу Лукаку во 20 минута од натпреварот не погоди празен гол, а Погба нешто подоцна за малку беше непрецизен од работ на казнетиот простор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, кога Спарсите во 50 минута стигнаа до водство преку Хари Кејн тимот на Мурињо како да се изгуби на теренот.
Херој во големата победа на Спарсите беше Лукас Моура кој го постигна третиот гол за Тотенхем, а посебно убав беше последниот кога сам успеа да помине низ одбраната на Јунајтед и да погоди за 0:3.
Во тој момент голем број навивачи на гостите домаќинот започнаа да го напуштаат стадионот, а оние што останаа на крајот сакаа да се фотографираат со една од ѕвездите на натпреварот. Но, не со своите миленици, туку со противничките и тоа токму со херојот на „петлите“ – Лукас Моура.
Навивачите побараа фотографија, а Бразилецот мирно дојде до трибините и им ја исполни желбата.
Picture perfect! ?#MUFC fans pose for a selfie with man of the match Lucas Moura! ??
Watch in-game clips and highlights from Monday Night Football live on @SkySportsPL here: https://t.co/Je9l4O6nFl pic.twitter.com/zBJA9hssxA
— Sky Sports MNF (@SkySportsMNF) August 27, 2018