Дома Фудбал Останато Го видовме и првото големо изненадување и на Копа Америка!

Го видовме и првото големо изненадување и на Копа Америка!

Паралелно со ЕП, големи битки се водат и на Копа Америка, а изминатата вечер го видовме и првото поголемо изненадување.

По победата на Аргентина над Канада и ремито помеѓу Чиле и Перу во групата А, синоќа се одиграа и двете средби во групата Б.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Мексико се стремат кон висок пласман на Копа Америка, а синоќа потешко од очекувањата ја совладаа селекцијата на Јамајка со резултат 1:0.

Стрелец на единствениот гол беше крилото на Монтереј, Херардо Артеага во 69. минута. Вреди да се напомене дека изборот на Јамајка за оваа Копа Америка дојде со многу освежен состав полн со играчи од англиската Премиер лига, што е резултат на двегодишниот проект на Фудбалскиот сојуз на Јамајка, кој вклучува пронаоѓање играчи кои имаат корени од Јамајка и се родени и израснати во Англија.

Мајкл Антонио, Демараи Греј, Боби Де Кордова-Рид од Фулам, Итан Пинок од Брентфорд, Декстер Лембикис од Волвс…

Единственото изненадување досега на Копа Америка беше забележано на дуелот меѓу Еквадор и Венецуела. И покрај статусот на фаворити, селекцијата на Еквадор беше поразена со резултат 2:1 по пресврт.

Еквадорците поведоа со голот на Џереми Сармиенто во 40. минута, но фудбалерите на Венецуела направија пресврт во вториот дел. Погодуваа Јохондер Кадиз и Едуард Бело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта: Сега конечно сме во ситуација да делуваме на трансфер пазарот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта рече дека во Ханси Флик ја гледа вистинската личн…