Дома Топ вести Готово: Реал денес купува нов бразилски „вундеркинд“

Готово: Реал денес купува нов бразилски „вундеркинд“

Реал Мадрид продолжува да се засилува со бразилски таленти, па после Винисиус и Родруго, „кралевите“ се на добар пат да донесат уште еден бразилски „вундеркинд“.

Стануава збор за младата ѕвезда на Фламенго, Реиниер Жесус, кој важи за еден од најголемите бразилски таленти и во договорот има откупна клаузула од 65 милиони евра.

Реал Мадрид има одлични односи со Фламенго и успеа да ја намали таа цена, па Реиниер ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ за 30 милиони евра плус бонуси.

Утре младиот фудбалер полни 18 години, па официјално ќе стане нов фудбалер на клубот од Мадрид, а потпишување на договорот ќе се одржи во Колумбија, каде што Реиниер ќе престојува со младата репрезентација на Бразил, која игра квалификации за Олимпискиот турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Русите сакале со валутна клазула да го изиграат Манџукиќ: Напаѓачот веднаш се прекинал

Марио Манџукиќ требаше кариерата да продолжи во Локомотив Москва, но тоа нема да се случи.…