Дома Трансфер зона Готово: Интер договори засилување од Наполи!

Готово: Интер договори засилување од Наполи!

Пјотр Зиелински важи за еден од клучните играчи на Наполи, меѓутоа од следната сезона тој ќе настапува за Интер. Италијанските медиуми тврдат дека договорот е постигнат.

Зиелински ги договорил личните услови, а Наполи ќе нема премногу што да направи бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Полскиот фудбалер би заминал како слободен играч бидејќи договорот со Наполи му истекува на крајот од сезоната. Со Интер тој ќе потпише соработка на три години сопција за продолжување на уште една.

Познатата е и платата која ќе ја заработува во Милано, а таа изнесува 4.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…