Шпанскиот напаѓач Диего Коста го очекува жестока казна поради директниот црвен картон во вчерашното дерби против Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Коста ги остави своите играчи на цедило во еден од најважните натпревари во сезоната. Атлетико на крајот беше поразен со 2:0 и Барселона скоро и да ја обезбеди новата титула во Шпанија.
Одлучувачкиот момент се случи во 28-та минута кога гостите останаа со играч помалку бидејќи директен црвен картон доби Диего Коста. Тој испрати погрдни пцовки кон главниот судија кој не се двоумеше и го испрати Коста во соблекувалната.
Откако му покажа црвен картон настана гужва бидејќи останатите играчи на Атлетико бараа објаснување, а никој не го смируваше Коста кој беше бесен на судијата.
Тогаш во ситуацијата се вмеша дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике кој постапи господски и го смири Коста кој и онака претходно доволно кажа.
Шпанските медиуми го пофалија однесувањето на Пике и порачаа дека веројатно тој е заслужен што Коста нема да добие уште потешка казна бидејќи успеа да го смири и да го испрати во тунелот.
Diego Costa getting a red card after insulting the referee’s mother. Some dogs never learn how to sit as they say. pic.twitter.com/U61G7Bzg79
— De ara Torres (@dearatorres) April 6, 2019